Top Sport

Голем бонус ќе доби секој шпански репрезентативец ако вечерва ја освојат титулата

Фудбалерите на Шпанија вечерва од 21 часот во Берлин ќе играат во финалето на ЕП. Панија е во поход на четвртата, а Англија на првата европска титула.

Секој од 26-члената репрезентација од Шпанија ќе добие огромен бонус тимот вечерва по четврти пат стане европски првак.

Пред почетокот на турнирот, УЕФА потврди дека победникот на овогодинешното Европско првенство ќе добие бонус од 28,25 милиони евра. .

Пред почетокот на турнирот во Шпанија се договориле 30 проценти од веќе споменатата цифра да биде поделена на 26 фудбалери без разлика на резултатот што ќе го постигнат.

Меѓутоа, доколку успеат да победат и да го освојат Европското првенство, сумата од 30 ќе биде зголемена на 40 отсто, пишува „Мундо Депортиво“.

Тоа значи дека вкупно 11,3 милиони евра ќе бидат поделени меѓу фудбалерите доколку Шпанците ја победат Англија и станат шампиони на Европа. Поточно, секој од нив би добил по околу 400.000 евра.

Секако, процент од тоа ќе добие и селекторот Луис де ла Фуенте и неговиот стручен штаб, кој е одговорен за последните игри на Шпанија.

Кога станува збор за Англија, не се знае колкав бонус треба да добие еден фудбалер во случај да победи против Шпанија и да го освои првото место на овој турнир.

Наводно, според англиските медиуми, фудбалерите и стручниот штаб на челос со герет Саутгејт би добиле околу 10 милиони фунти за да ги поделат меѓу себе, но не се знае точно како би се делеле тие пари.

Scroll to Top