Top Sport

Голем проблем за Сити – Делата во Премиер лигата не застаруваат

Спортска вест на денот на Островот се резултатите од четиригодишната истрага на Премиер лигата, која го обвинува Манчестер сити дека, во период од девет години, сто пати го прекршил финансискиот фер-плеј.

Правилата за финансиски фер-плеј на Премиер лигата се дизајнирани да обезбедат клубовите да го трошат она што го заработуваат. Потенцијално можете да го заобиколите ова со пумпање на извештаите за приходите или со сокривање на трошоците. Според Премиер лигата, Манчестер сити наводно ги прекршил правилата во текот на деветте сезони за кои не давале точни финансиски информации.

Тие, наводно, никогаш не пткриле колкава плата имал еден менаџер во периодот од четири години. Англиските медиуми тврдат дека станува збор за Роберто Манчини. Според овие извори тој заработувал мнпгу повеќе од она што го пријавувал клубот.

Исто така, се тврди дека Сити не ги почитувал правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА во период од пет години и не соработувал целосно со истрагата на Премиер лигата.

Ова е многу сериозна работа за Сити. Кога беа предмет на истрага на УЕФА, тие инсистираа дека не направиле ништо лошо. Во февруари 2020 година, УЕФА ги исфрли од европските натпреварувања на две сезони и ги казни со 30 милиони евра.

Спортскиот арбитражен суд ја укина таа забрана и ја намали казната на 10 милиони евра.

На рочиштето беше кажано дека најголем дел од наводните прекршоци или не биле утврдени или се застарени.

Проблем за Сити е што ова правило на важи во Премиер лигата, каде делото не може да застари.

„На крајот Сити може да биде казнет или со одземање бодови или дури и да биде исфрлен од лигата, но се сомневам дека одлуката ќе биде донесена наскоро и не верувам дека Сити ќе биде санкциониран во текот на оваа сезона. Истрагата трае пет години и ќе продолжи уште долго“, изјави новинарот на „Скај спорт“ кој го следи овој случај, Кавех Солхекол.

Scroll to Top