Top Sport

Голем удар за Манчестер сити во финишот на сезоната

Дефанзивците на Манчестер Сити, Рубен Дијаз, Кајл Вокер и Џон Стоунс ја завршија сезоната поради повреди.

По победата над Њукасл од 5:0, тренерот Пеп Гвардиола откри дека тројцата дефанзивци ќе ги пропуштат последните три натпревари во Премиер лигата во кои тимот се бори за титулата.

Рубен, Кајл и Џон ја завршија сезоната“, изјави Гвардиола.

Дијаз натпреварот со Њукасл го заврши по 45 минути игра, на негово место дојде Фернандињо, кој го напушта клубот на крајот од сезоната.

Вокер мораше да го напушти теренот во средата, во второто полувреме од полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите против Реал Мадрид поради нови проблеми со зглобот.

Стоунс ги пропушти последните два натпревари поради проблеми со тетивата и нема да се вратат до крајот на сезоната.

Сити со победата над Њукасл оствари три бода предност пред второпласираниот Ливерпул. На три кола пред крајот Сити има 86 бода, а Ливерпул 83.

Scroll to Top