Пред натпреварот од хрватскиот куп меѓу Шибеник и сплитски Хајдук дојде до голем инцидент, откако во градот се судрија двете навивачки групи – „Функути“ и „Торцида“.
Според хрватската полиција, во 15.30 часот на стариот пазар во Шибеник во центарот на градот се случила голема тепачка, иако не се знае иницијаторот. Според жителите на Шибеник, околу триесет навивачи на Хајдук одеднаш се појавиле и почнале да провоцираат.
Хрватските медиуми јавуваат дека има повредени, а интервенирала и полицијата, која уапсила десетина навивачи од Сплит.