Top Sport

Големо засилување за Црвена звезда – Хандел пристигна на „Маракана“

Португалскиот фудбалер Томаш Хандел е нов играч на Црвена звезда. Преодниот рок во Србија трае до 15 септември, а вечерва на полноќ истекува рокот на УЕФА за пријавување на играчите со кои клубовите ќе настапат во Лига Европа.

Овој 24-годишен дефанзивен играч од редот за врска во Белград дојде од Виторија Гимараеш во трансфер вреден три и пол милиони евра, како што објавија медиумите.

Црвено-белите го потврдија доаѓањето на Португалецот на „Маракана“ со објава на социјалните мрежи („Жога Бонито“).

Според „Трансфермаркт“ вредноста на капитенот на Гимараеш изнесува 13 милиони евра. Во минатото Милан и Порто беа заинтересирани за Хандел, а во преодниот рок тој не сакаше да се пресели во ЦСКА Москва.

Тој имаше договор со португалскиот тим до 2029 година и клаузула за откуп од 50 милиони евра.

Хандел одигра 118 натпревари за Гимараеш и постигна шест гола.

Foto/ FK Crvena zvezda

Scroll to Top