Top Sport

Големо засилување за Струга ТЛ: Потпиша Бесарт Ибраими

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум доби големо засилување за следната сезона откако го ангажираше најдобриот стрелец во македонскиот шампионат на сите времиња, Бесарт Ибраими. Поранешниот напаѓач на Шкендија по една сезона се врати во Македонија и потпиша за екипата од Струга.

Минатата сезона Ибраими ја мина во грчкиот второлигаш Ксанти, а во кариерата беше дел и од Шалке и Мариупол. Во Македонија играше и за Ренова, Влазерими и Напредок.

Ибраими е поранешен македонски репрезентативец на нашата земја, има 15 настапи, без постигнат гол.

Scroll to Top