Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани ги постигна првите голови во дресот на Валенсија, но тоа не беше доволно за победа на избраниците на Џенаро Гатузо. Валенсија одигра 2:2 со фенерџијата Елче, за кого головите ги постигна Пере Миља.
Гостите поведоа над „Местаља“ од пенал во 29. минута, кога погоди Миља. .Дванаесет минути подоцна, возврати исто така од пенал Кавани.
Уругваецот во шестата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме, го направи целосен пресврт.
Кавани е фудбалер кој постигнувал голови во четири од петте најсилни фудбалски лиги во светот. Никогаш не играл ниту во Германија.
Сепак, одличната партија на уругвајскиот напаѓач ја неутрализираше Миља со својот втор гол во 65. минута.
Елче и покрај освоениот бод остана на последната позиција во лигата, Валенсија е седма со 13 поени.