Top Sport

Голман од Турција доаѓа на „Стенфорд Бриџ“

Голманот на Трабзон Угурчан Чакир во преодниот рок ќе стане играч на Челси, тврди „Хабер 365“. Двата тима, како што тврди овој извор, веќе го договориле трансферот на 24 годишниот голман.

Чакир брани одлично оваа сезона, на 31 натпревар примил 35 гола. Трабзон се втори во Турција со четири поени помалку од лидерот Басашехир.

Голманот со својата одлична форма го привлече вниманието на неколку големи европски клубови.

Челси за неговите услуги на Трабзон ќе им плати 33 милиони евра.

Scroll to Top