Top Sport

Голман постигна гол во 94.минута (Видео)

Голманот на Маниса, Бакирбаш му обезбеди бод на својот тим во дербито на дното во втората лига на Турција (Лига 1).

Бакирбаш го погоди голот на Денизлиспор во 94 минута од натпреварот и го постави конечниот резултат 2.2.

Претходно Маниса стигна до предност со голот на Ѓул во деветтата минута, а Денизлиспор направи пресврт со головите на Капел во 14. и Алкурт во 56.минута.

По овој меч двата тима останаа во опасната зона Маниса е претпоследна со 15 бода, а Денизлиспорт е место погоре со 27 бода. На последното место е Газиентепспор со само четири бода.

Најлошите три тима на крајот од сезоната ќе испаднат од Лига 1.

Scroll to Top