Top Sport

Хиршер го освои глобусот во велеслалом

Австриецот Марсел Хиршер го освои малиот кристален глобус во велеслалом, во Светскиот куп.

Хиршер, во саботата, победи на претпоследната трка сезонава во оваа дисциплина, што се возеше во Крањска Гора.

Австриецот пред почетокот на трките во Крањска Гора имаше 105 бода повеќе од Хенрик Кристоферсен, а со победата освои нови 100 бода. Хиршер го освои петиот глобус во велеслалом.

Хиршер по двете трки оствари вкупно време 2:20.76 минути и за 34 стотинки зад себе го остави Кристоферсен. На третата позиција се пласира Алекси Пинтаро од Франција (2:23.27 минути).

Скијачот од Австрија е лидер и во вкупниот пласман во Светскиот куп, тој има 1.294 бода, втор е Кристоферсен со 1.045, а трет Пинтаро со 716.

Во недела во Крањска Гора се вози слалом.

Scroll to Top