Португалскиот голман, Жозе Са, веќе два месеци има фрактура на зглобот на раката, но се уште го брани голот на Вулверхемптон, откри привремениот тренер Стив Дејвис. Са, се поведил во август, на мечот од 2. коло на англиската Премиер лига против Фулам кој заврши 0:0, а португалскиот голман му одбрани пенал на Александар Митровиќ. Оттогаш бранеше на следните седум првенствени натпревари.
„Тоа што и понатаму брани само покажува колку е храбар. Тоа го покажува неговиот карактер. Голманот е секогаш на линијата на огнот бидејќи тој е последната пречка“, рече Дејвис за 29.годишниот Португалец, кој сезонава има 28 одбрани, во просек три по натпревар.
Вулверхемптон прими 12 гола во првите девет рунди, проблем е што тимот има постигнато само три гола, поради што со шест бода се наоѓа на 18. место во Премиер лигата.