Top Sport

Голманот Бону го постигна првиот гол во кариерата – Севилја се спаси од пораз на Зориља

Севилја успеа да се извлече од пораз на „Зориља“. Екипата на Хулен Лоптеги во 28.коло одигра 1:1 против домаќинот Ваљадолид. Херојот на Севилја е голманот Бону, кој постигна гол во 94.минута.

Ваљадолид го имаа натпреварот против големиот фаворит под контрола, одлично делуваа на теренот, а успеаја да постигнат гол во 44.минута. Фабијан Орељана погоди од белата точка.

Севилја во второто полувреме, ја имаше иницијативата, но само два пати сериозно се закани кон голот на Ваљадолид. Лук Де Јонг го погоди дирекот, а вториот негов удар заврши крај голот.

Севилја израмни во последните секунди, кога и голманот Бону се пресели пред голот на домашниот тим.

По корнерот на Сусо, мешаница во шеснаесетникот, нерешителност на играчите на Ваљадолид да ја исфрлат топката која дојде до Бону, а тој како да е напаѓач ја смети во голот.

За Бону ова е прв гол во кариерата.

Ваљадолид ја продолжи серијата на нерешни резултати, три пати ремизирале на последните пет натпревари и се наоѓаат на 16. место со 27 поени, само четири повеќе од тимовите кои се во опасната зона.

Севилја и по ова коло ќе остане на четвртото место со 55 бода.

Scroll to Top