Top Sport

Голманот Ќосевски даде гол од пола терен за спас на Жељо (видео)

Босанскохерцеговскиот голман со македонско потекло, Ведран Ќосевски беше „спасителот“ на Железничар во дербито со Широки Бријег, откако во мечот на „Грбавица“ постигна гол од половина терен во 93. минута за 1:1 реми.

Со поенот, Железничар остана на првото место во плеј-офот за титулата со 58 поени, два повеќе од Зрињски Мостар, кои со 1:0 го совладаа Сараево во дербито на колото.

Scroll to Top