Голманот на Белененшеш Андре Мореира синоќа на полувремето од натпреварот со Мориенсе бил испратен во карантин.
До една ваква бизарна ситуација дошло бидејќи резервниот голман на Белененшеш бил цимер со Монтеиро кој минатата недела бил позитивен на вирусот Ковид-19. Според здравствениот протокол тој бил испратен во карантин иако три дена пред натпреварот три пати бил тестиран и сите тестови биле негативни.
Откако беше утврдено дека цимерот му е заразен со коронавирусот резервниот голман не беше во протоколот минатата недела на натпреварот со Порто.