Top Sport

Голманот на ЦСКА Софија го прими најсмешниот гол (видео)

Голманот на ЦСКА Софија, Литванецот Витаутас Черниаускас го прими најсмешниот гол во новата фудбалска сезона, откако во осмото коло на Бугарската прва лига потсети на легендарниот гол кој го прими Пол Робинсон за англиската репрезентација во Загреб во 2007 година.

Черниаускас некако успеа да ја „утне“ топката која му ја прати сопствениот дефанзивец за да се најде како хит на Интернет. ЦСКА, на крајот, немаше проблеми да стигне до 3:1 победа над Черно Море за да остане во трка со шампионот Лудогорец.

За потсетување, Робинсон прими сличен смешен гол во квалификациите во Евро 2008 година, кога Хрватска победи со 2:0.

Scroll to Top