Top Sport

Мурињо: Кај Смолинг не ми се допаѓа само неговата фризура

Жозе Мурињо е толку импресиониран од однесувањето и играта на Крис Смолинг, но има една мала забелешка – неговата нова фризура.

Смолинг го саботата го постигна клучниот гол за 2:1 победа на гостувањето кај Ватфорд, ставајќи крај на стоотстотниот почеток на сезоната на домаќините. Покрај голот, Смолинг беше импресивен во одбраната, посебно во финишот кога Ватфорд притисна за израмнување. Меѓутоа, Мурињо вели дека фризурата дефинитивно нема да добие „десетка“.

„Тој беше навистина добро, и единствено нешто што не го сакам во моментов е неговата фризура, но не сум некој кој треба да му дава совети за стил. Игра навистина добро, исто како Виктор Линделоф, а тука да им помогне е и Маруан Фелаини. Посебно во мечеви како со Ватфорд и Барнли, кои играат со два моќни напаѓачи. Тие ја контролираат топката, добри се во воздушните дуели, исто така се и умни, така што беа клучни за нас“, вели Мурињо.

Scroll to Top