Top Sport

Голманот на Дортмунд, Бирки го има најчудниот ритуал пред секој натпревар (видео)

Сите имаат некои ритуали пред важните моменти – религиозните со по некоја молитва, Рафаел Надал со лудата поставеност на шишињата пред секој меч, со идентични чорапи, различни копачки и слично.

Но, швајцарскиот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки ги надминува сите, и тоа никој немаше да забележи доколку самиот клуб не го споделеше тоа на својот Твитер акаунт.

Бирки пред секој натпревар, кога капитените на клубовите се на центарот со судиите, оди и бара да ја „допре и почувствува“ топката.

28-годишниот Бирки доаѓа од фудбалско семејство – неговиот помлад брат Марко Бирки е дефанзивец на холандскиот Зулте, додека неговата сестра Ванеса Бирки е поранешен напаѓач на Баерн Минхен.

Scroll to Top