Top Sport

Бекер: Федерер никогаш не може да биде најдобриот во историјата

Освојувачот на шест гренд слем титули, Германецот Борис Бекер вели дека не е возможно Роџер Федерер да се прогласи за најдобар тенисер во историјата и покрај тоа што тој има освоено рекордни 20 гренд слем титули.

„Тешко е да се кажуваат такви работи, бидејќи генерациите не можат да се споредуваат. Дали беше подобар од мене, Џон Мекинро, Бјорн Борг и Пит Сампрас? Тој има освоено најмногу гренд слем титули, но тешко може да се каже дека е најдобриот на сите времиња“, вели Бекер.

Германецот исто така смета дека доколку би се судрил со Федерер во неговите најдобри денови, на Швајцарецот не би му било лесно.

„Мислам дека не би му се допаднала мојата брзина, тоа што често излегував на мрежа, дури и на втор сервис. Така немаше да има шанси да игра многу со форхенд и бекхенд преку целиот терен“, објаснува Бекер.

Scroll to Top