Top Sport

Голманот на Фиорентина со несфатлив старт над Елмас за директен црвен картон

Голманот на Фиорентина, Полјакот Бартоломеј Драговски доби заслужен црвен картон за бруталниот старт над Елиф Елмас во финишот на првото полувреме од Купот на Италија и по првите 45 минути останува 1:1.

Драговски влета остро и ја сопре стоотстотната шанса на Елмас, откако прво Душан Влаховиќ ги донесе гостите во водство, пред Дрис Мертенс да израмни во 43. минута.

Scroll to Top