Top Sport

Голманот на Каљари доби четири меча суспензија за тепачката со Лападула (видео)

Голманот на Каљари, Робин Олсен доби казна од четири меча за тепачката со напаѓачот на Лече, Џанлука Лападула, кој пак ќе паузира два меча, одлучи дисциплинската комисија на Серија А.

Мешаницата се случи во понеделничкиот меч кога Лападула постигна гол од пенал во 83. минута за да ја намали предноста на Каљари по 2:1 и трчаше да ја земе топката од мрежата. Швеѓанецот Олсен ја фати прв и ја шутна топката, по што влегоа во турканица. Олсен го удри со рамо, Лападула со глава на брадата, по што Олсен го турна на тревата. Двајцата добија црвени картони.

Олсен добил повисока казна бидејќи потоа го навредувал четвртиот судија при заминувањето од теренот. Лече подоцна стигна до израмнување во последната минута од мечот.

Хаотичниот одложен меч меѓу Лече и Каљари заврши 2:2 – црвени картони, тепачки… (видео)

Scroll to Top