Top Sport

Биното: Не чека тешка зима, Ферари никогаш не се задоволува со второ место

Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека сите во Маранело ги очекува „многу тешка и напорна зима“ бидејќи второто место „никогаш нема да биде доволно“ за коњчето.

Покрај ужасното Бразилско ГП кога Себастијан Фетел и Шарл Леклер се судрија, Ферари имаше солидна втора половина на 2019, со три победи и шест последователни пол-позиции (кои беа прекратени по интервенција на ФИА). Меѓутоа, тоа не беше доволно да се борат за титулата со Мерцедес и Биното се надева дека тоа ќе се случи во 2020.

„Викендов сме во Абу Даби за последната трка од долгата сезона за сите. За нас во Скудерија Ферари, ова беше година на нови почетоци, со Шарл во првата година и година на градење на темели за иднината. Првиот дел од сезоната не одеше како што посакувавме, но ги засукавме ракавите и работевме на подобра иднина. Второто место никогаш нема да биде доволно за Ферари и затоа не чека напорна зима за да продолжиме со градењето на тимот и надминување на предизвиците“, изјави Биното.

Scroll to Top