Top Sport

Голманот на Србија: Не е невозможно да го освоиме Мундијалот!

Фудбалската репрезентација на Србија со победата против Португалија си го осигура пласманот на СП во Катар идната година и на Мундијалот патува како најдобропласирана селекција во групата А.

Репрезентативците на Србија како херои беа пречекани во Белград.

Голманот на „орлите“ Предраг Рајковиќ имаше двојна причина за славје – освен пласманот на Мундијалот, тој пред останатите се врати во татковината за да го прослави роденденот на синот.

Прашан какви се плановите на оваа српска селекција, тој е полн со оптимизам.

„Не е невозможно да бидеме шампиони. Имаме добра екипа, ама нема да се занесуваме, туку ќе одиме од меч во меч. Ја чекаме групата, па ќе видиме. Веруваме во нас и во селекторот“ изјави Рајковиќ за домашните медиуми.

Scroll to Top