Top Sport

Голманот на Звезда ја носи Канада кон Мундијалот во Катар

Милан Борјан – капитенот и голман на белградска Црвена Звезда бранеше одлично на мечот Канада – Костарика (1-0) во седмото квалификациско коло за пласман на Мундијалот во Катар идната година на просторот на Северна и Централна Америка.

Борјан уште еднаш ја сочува својата мрежа, а Канада стигна до третиот триум во кој по 7 кола има и 4 реми дуели.
По заслуга на Борјан, Канаѓаните досега во квалификациите имаат примено само 4 гола, а единствениот погодок во противничката мрежа беше дело на Џонатан Дејвид во 57 минута.

Во групата Канада има 13 бода, а лидери се САД и Мексико со по 14 бода.

Овие три селекции ќе одат директно во Катар доколку ги задржат позициите. Канада последен пат на СП била во далечната 1986 година.

Во останатите ноќешни дуели САД го добија со 2-0 дербито против Мексико, Хондурас загуби со 2-3 на свој терен од Панама, а Салвадор и Јамајка ремизираа 1-1.

Scroll to Top