Top Sport

Голманот погреши, Лион остана без бод во Лисабон (Видео)

Бенфика против Лион ја забележа првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. Победата домаќините ја обезбедија во 86 минута по катастрофалната грешка на голманот на Лион, Антони Лопез.

Португалскиот голман при резултат 1:1 од работ на шеснаесетникот, во обид да иницира контранапад на својот тим, со рака ја исфрли топката на 30 метри од својот гол. Топката наместо кај соиграчи заврши кај Пици кој испрати проектил во небранетиот гол.

Новиот тренер на Лион, Руди Гарсија, по завршувањето на натпреварот го поддржал својот голман.

„Се уште го немам видено, повикан е на допинг-контрола. Не е виновен за поразот“, рекол Гарсија.

По три кола во групата сите екипи имаат шанси за пласман во осмина-финалето. Лидери во групата се Лајпциг и Зенит со по шест бода, Лион има четири, а Бенфика три бода.

Scroll to Top