Top Sport

Кина домаќин на клупското СП во 2021 година

На состанокот што во четвртокот во Шангај го одржа Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) усвоени биле неколку важни одлуки за идните меѓународни натпреварувања. Едонгласно била донесена одлуката организацијата на Светското клупско првенство во 2021 година да и биде доделена на Кина.

Светското клупско првенство од наредната сезона ќе се игра по нов формат. Натпреварувањето ќе биде одржано во јуни и јули 2021 година. Донаќинот Кина дополнително ќе го достави списокот на стадиони каде ќе се играат натпреварите.

Моделот според кој клубовите од сите конфедерации ќе остваруваат пласман на ова натпреварување ќе биде направен и усвоен во процесите помеѓу ФИФА и шестте конфедерации.

ФИФА донесе одлука и околу инвестициите во женскиот фудбал. ФИФА во циклусот 2019-2022 во женскиот фудбал ќе вложи 500 милиони долари. Овој износ ќе бил издвоен од финансиските резерви на ФИФА и ќе биде додаден на веќе одобрените 500 милиони долари.

Исто така е потврдено дека домаќинот на СП во 2030 година ќе биде одреден на 74 Конгрес што ќе се одржи за пет години. Пријавувањето за организација на СП во 2030 година ќе започне во втората половина во 2022 година.

Scroll to Top