Top Sport

Голманот тргна по вода и прими гол! (видео)

Марк Флекен, голманот на германскиот второлигаш Дуисбург го прими можеби најбизарниот гол во 2018 година, откако не внимаваше на акцијата на теренот, туку реши да се напие вода.

Неверојатниот пропуст се случи на мечот со Инголштад  и тоа во моменти кога Флекен веќе одбрани еден пенал, а неговиот тим поведе откако успеа да оствари пенал, а Дуисбург сметаше дека поведе со 2:1, пред вториот гол да им биде поништен поради офсајд.

Во тие моменти на „Шауинсланд-Рајсен“ арената се пушти музиката која обично оди по секој гол, нешто што очигледно го збуни Флекен, кој реши да се сврти со грб и да се напие вода. Инголштад бргу ја изведоа топката, и Штефан Кучке лесно израмни.

За среќа на голманот, ова не беше пресудно, бидејќи Дуисбург на крајот победи со 2:1.

Scroll to Top