Фудбалерите на Милан на „Луиџи Ферарис“ во Џенова го победија домаќинот со 1:0 и ја презедоа челната позиција на табелата во Серија А.
Речиси ништо не се случуваше на теренот до 87.минута. Милан до самиот финиш упати само еден удар кон голот на Мартинез.
Во 87.минута Пулишиќ одлично се снајде пред голот на Џенова и му донесе предност на својот тим.
Во тој момент започна драмата. Во 93.минута невнимателен старт на голманот на Милан, Мењан надвор од голманскиот простор му донесе црвен картон. Бидејќи Стефано Пиоли ги имаше искористено сите измени на голот застана напаѓачот Оливие Жиру.
Слободниот удар на Гудмундсон заврши во гредата, а во продолжение на акцијата втор жолт картон доби голманот на Џенова,Мартинез.
Во следниот напад Жиру имаше интервенција со која спречи израмнување. Благодарение на таа одбрана Милан ги однесе бодовите од Џенова.