Top Sport

Голот број 500 на Златан е апсолутно неверојатен (видео)

И јубилејот не може да биде едноставен за Златан Ибрахимовиќ. Шведската суперѕвезда го постигна својот 500. гол во кариерата и тој беше апсолутно неверојатен!

Ибрахимовиќ се приклучи на ексклузивниот клуб во кој се само уште Лионел Меси и Кристијано Роналдо како активни фудбалери кои постигнале 500 голови за клубовите и за репрезентацијата, совладувајќи го голманот на Торонто ФЦ, Алекс Боно со спектакуларен „кунг-фу“ удар.

Ибрахимовиќ има 438 гола во 747 настапи за своите клубови (Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси) и 62 гола во 114 настапи за Шведска.

Во 18 натпревари во американската МЛС тој има 17 голови и е втор стрелец во лигата. Сепак, на неговиот тим не му оди – тие го загубија натпреварот со 5:3 од актуелниот МЛС шампион.

Scroll to Top