Top Sport

Само бод за Реал во Билбао (Видео)

Атлетик Билбао и Реал Мадрид освоија по бод, откако одиграа 1:1 во последниот натпревар од саботната програма, во четвртото коло во Примера. На „Сан Мамес“, секој тим доби по едно полувреме. Триумф на „кралскиот клуб“ спречи 19-годишниот голман ан Атлетик, Симон.

foto: epa

Жестока борба водеа Атлетик и Реал во текот на целиот натпревар, а домаќините први стигнаа до гол, кога Икер Муниаин успеа во 32.минута да го совлада Тибо Куртоа.

Реал израмни во 63.минута преку Иско, кој ја искористи асистенцијата на Герет Бејл. Инаку, Иско две минути претходно влезе на теренот.

foto: epa

До крајот, Симон брилијантно реагираше по обидите на Серхио Рамос и Марко Асенсио и му обезбеди еден бод на својот тим.

Реал по стартните три победи ги загуби првите два бода во сезоната.

Scroll to Top