Аналитичарот на „Марка“, спортски медиум кој традиционално е близок до Реал Мадрид, Хуан Андухар Оливер, смета дека голот на Карим Бензема, против Челзи, требало да биде поништен.
Реал и Челси, синоќа одиграа 1:1, во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите. Челси имаа предност со голот на Пулишиќ, а Бензема со преубав гол го израмни резултатот во 29.минута.
„Касемиро направи фаул врз Аспиликуета, пред Милитао да го пригра Бензема, кој потоа постигна гол“, рекол Андухар.
Our refereeing expert says that Karim Benzema's goal vs Chelsea should NOT have counted ❌https://t.co/ehoH3ulhqU pic.twitter.com/YWtMhz1ClD
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) April 27, 2021
Бензема го постигна 71 гол во Лигата на шампионите и клупската листа се израмни со Раул Гонзалес. Пред нив е само Кристијано Роналдо со 134 голови.
Од активните играчи, подобри од Бензема се и Лионел Меси (120) и Роберт Левандовски (73).