Фудбалерите на Челси забележаа минимална победа кај Кристал Палас, во првиот неделна натпревар од 20.коло во Премиер лигата.
Челси доминираше речиси во текот на целиот меч, меѓутоа во првиот дел и покрај теренската иницијатива „сините“ имаа само една голема шанса. Вилијан некаде во финишот на полувремето од слободен удар го погоди голот на Гиаута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 51.минута. Давид Луиз со една длабинска топка го пронајде Нголо Канте, кој во стил на напаѓач ја смири топката со гради, а потоа ја испрати зад грбот на голманот на Кристал Палас.
Домашниот тим се обиде во последните десет минути да наметне иницијатива, меѓутоа противниците успешно ги одбија сите напади.
Челси и покрај победата остана четвртото место, но ја зголеми предноста во однос на Арсенал. Челси има 43 бода, а Арсенал на петтото место 38.
Во наредното коло Челси ќе ги пречека Саутемптон, а Кристал Палас ќе гостуваат кај Вулверхемптон.