Top Sport

Голот на Ливерпул е „маѓепсан“ за Сити од белата точка

Илкај Гундоган имаше засрамувачко промашување од белата точка на големото англиско дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул на „Енфилд“, продолжувајќи ја лошата „традиција“ на промашување пенали во големите мечеви со „црвените“.

Ова му се случи на Ријад Марез во 2018 година, на Кевин де Брујне минатата година и сега на Гундоган. Некоја „магија“?

Статистиката вели дека четири од последните шест промашени пенали со промашување на цел гол во Премиер лигата се на играчи на Манчестер сити, а три од нив се токму овие против Ливерпул.

Scroll to Top