Top Sport

Голот на Пандев е „шлагот на тортата“

Горан Пандев уште еднаш покажа дека фудбалската умешност или ја имаш или ја немаш, без разлика на годините (иако ниту 34 не се толку многу), откако постигна апсолутен „убавец“ при 3:1 победата на Џенова над Хелас Верона во Серија А.

Голот навистина импресионираше и многумина коментираат дека е еден од најдобрите во италијанскиот шампионат оваа сезона. Елеганцијата и знаењето да се изведе ваков лоб-удар навистина е уметност.

Реакциите на Интернет се очекувани – „ова е гол кој морате да го видите“, „Пандев уште покажува дека е мајстор“, „Поклонете му се на Горан Пандев“… И нашиот омилен, од „БТ спортс“, англиската ТВ мрежа која пренесува фудбалски мечеви: „Ако го отворите речникот, под ’шлаг на тортата’ ќе го видите голот на Горан Пандев“.

 

„Мајсторија“ на Пандев за потврда на победата на Џенова (видео)

Scroll to Top