Top Sport

Меси заработил најмногу, 30 милиони повеќе од Роналдо

Лионел Меси најмногу заработил од сите фудбалери во текот на оваа сезона, открива истражувањето на „Франс фудбал“. Аргентинецот заработил 126 милиони евра.

„Франс фудбал“ до оваа сума дошол откако ја пресметал бруто платата, премиите и маркетинг активностите.

Меси е прв на таа листа со многу поголема заработика од Кристијано Роналдо. Португалецот заработил 96 милиони евра, а трет е Нејмар со 81,5 милиони евра.

Меѓу петтмината најплатени се уште Герет Бејл (44) и Џерард Пике (29).

Минатата сезона прв на оваа листа бил Кристијано Роналдо со заработка од 87,5 милиони ера.

Кога станува збор за тренерите на врвот е менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо со 26 милиони евра, втор е селекторот на Кина, Марчело Липи (23), а зад нив се Диего Симеоне (22) и Зинедин Зидан (21).

Scroll to Top