Top Sport

Голот на Пандев против Реал еден од најубавите на Лацио во ЛШ

По пауза од 13 години Лацио ќе го одигра првиот меч во Лигата на шампионите. „Лацијалите“ вечерва во Рим ќе го пречекаат тимот на Борусија Дортмунд. Во оваа Ф-група покрај Лацио и Борусија ќе се натпреваруваат и Зенит односно Клуб Бриж.

УЕФА на социјалните мрежи, со компилација на најубавите голови што ги постигнале фудбалери на Лацио го најави враќањето на овој клуб во елитното натпреварување.

Во колажот на најубавите голви на Лацио во ЛШ се најде и голот што Горан Пандев го постигна против Реал Мадрид (2:2), во сезоната 2007/2008. Таа сезона Пандев постигна гол и во реваншот против Реал, а во фазата по групи беше стрелец и во поразот од Олимпијакос.

 

Scroll to Top