Коронавирусот направи пустош во редовите на аргентинскиот великан Ривер Плата. Во овој момент во тимот има 11 здрави фудбалери. Со вирусот се заразени 25 лица, од кои 22-ца се фудбалери.
Ривер, во четврток, во 2 часот по средно-европско време, ќе го одиграта својот натпревар во Д-групата, во Копа Либертадорес, против Санта Фе.
Според правилата, еден тим мора да се појави на теренот доколку има најмалку седум здрави фудбалери. Ривер ќе го играат натпреврот, а најголем проблем ќе имаат на голманската позиција.
Четворицата голмани се позитивни на вирусот Ковид-19, а КОНМЕБОЛ на клубот не му дозволи дополнително да го пријави 21-годишниот голман Алан Леонардо Дијаз, кој бранеше во неделата во Купот против Бока јуниорс.
Аргентинските медиуми објавија дека на голот ќе застане играчот од редот за врска, Енцо Перез.
Со Енцо Перез на голот, Ривер ќе има уште десет играчи на теренот и ниту еден на клупата за резерви. Енцо Перез е поранешен играч на Бенфика и Валенсија, играше за Аргентина на СП во Русија.
По четири кола, Ривер има шест поени, два помалку од лидерот Флуминенсе. Шест поени со натпревар повеќе има и Хуниор, додека Санта Фе се последни во групата со два бода.