Top Sport

Дешам за помилувањето на Бензема: Не е важно што мислам јас, Франција е најважна

Карим Бензема, по пауза од шест години, повторно ќе игра за Франција. Напаѓачот на Реал, беше во немилост на селекторот Дидие Дешам и Фудбалскиот сојуз на Франција, поради аферата со соиграчот Матије Валбуена. Бензема го уценувал соиграчот со порнографски снимки, а целиос случај епилогот треба да го добие во октомври кога е закажано судењето.

Дешам, синоќа го објави списокот за ЕУРО 2020. На новинарите им рекол дека имал долги разговори со Бензема, пред да ја донесе одлуката да го врати во репрезентацијата.

„Беше тешко да ја сменам одлуката. Водевме долги разговори, тоа ни беше потребно на двајцата. Не сакам сега од ова да правам посебен случај. Јас сум селектор на државниот тим, не смеам да мислам само на себе и да гледам какви се моите ставови“, дипломатски го оправдал помилувањето на 33-годишниот фудбалер на Реал.

На прашањето дали враќањето на бензема може да ја расипе атмосферата, особено во нападот, Дешам рекол.

„Кога имате квалитет и доколку сте доволно интелигентни, тогаш можете далеку да стигнете“.

Покрај Бензема, Франција во нападот ги има Антоан Гризман, Килијан Мбапе, Оливие Жиру, Висам бен Једер, Усман Дембеле и Маркус Тирам.

Scroll to Top