Top Sport

Голот на Роналдо во 94. минута поништен, Арнаутовиќ ја инспирираше Болоња

И покрај шпекулациите во италијанските медиуми дека се обидува да го примора Јувентус да го продаде ова лето, Масимилијано Алегри го внесе Португалецот во последните половина час од првиот меч од сезоната во Серија А на гостувањето кај Удинезе, каде што постигна гол во 94. минута кој му беше поништен поради офсајд за да се задоволат со 2:2 реми откако водеа со 2:0.

Неделната „бомба“ на угледните италијански новинари беше дека Роналдо и покрај подготвеноста за игра, побарал да биде оставен на клупа во обид да издејствува трансфер, иако тоа беше демантирано од Павел Недвед.

Без него, Пауло Дибала го отвори мечот со прекрасен гол во 3. минута, пред во 23. минута да му асистира а Хуан Квадрадо за 0:2. Удинезе се закани со камбек со голот на Рикардо Переира во 55. минута со удар од белата точка, по што Алегри го внесе Роналдо во игра во 60. минута на местото на Алваро Мората. Во 85. минута, Жерард Деулофеу постигна гол, кој по долгата ВАР проверка беше признат, а потоа следуваше драмата – Кристијано Роналдо во 94. минута мислеше дека го решил мечот, но по ВАР проверката неговиот гол беше поништен.

Во вториот попладневен луд меч, Болоња на Синиша Михајловиќ се врати за 3:2 победа над повратникот во Серија А, Салернитана. Гостите од 34. минута играа со играч помалку по вториот жолт картон на Стриндберг, но Болоња исто така остана со 10 играчи во 55. минута по ударот со лакт на Соријано.

Салернитана поведе во 52. минута со гол од пенал на Бонацоли, за седум минути подоцна да израмни Де Силвестри. Мамаду Кулибали пак ги донесе Салернитана во водство во 70. минута, за Марко Арнаутовиќ да го постигне првиот гол по враќањето во Италија во 75. минута, а две минути подоцна Де Силвестри ја обезбеди победата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top