Top Sport

Голот на сезоната доаѓа од американската втора лига

Иако веројатно на многумина не им е интересно за тоа што се случува во втората фудбалска лига во САД, сепак денеска еден погодок токму од таму се врти низ медиумите во светот.

На мечот меѓу резервниот тим на Филаделфија Унион и Хартфорд гостите постигнаа несекојдневен погодок, и тоа при резултат 2-2 во 90 минута.

Голманот на Филаделфија по една фатена топка сакаше со рака д проигра еден од своите соиграчи, но ривалот итро се постави и со ногата го смени правецот на топката и таа заврши во мрежата.

Погледнете:

Scroll to Top