Top Sport

Леброн Џејмс купи вила вредна 37 милиони долари (фото)

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс стана сопственик на вила вредна 37 милиони евра, пренесуваат медиумите во САД. Куќата се наоѓа во елитен дел во Лос Анџелес (Беверли Хилс).

„Лос Анџелес Тајмс“ пишува дека Леброн е сопственик на вилата која претходно била на режисерка на серии, која починала во февруари на 91-годишна возраст.

Куќата има 9.100 квадратни метри, а на имотот има и две дополнителни куќи за гости.

Во склоп на вилата има кино, базен, тениски терен, патека за возење мотори, фонтана и одличен поглен на Лос Анџелес.

Scroll to Top