Неделниот „судир“ меѓу Барселона и Леганес донесе еден интересен момент во кој голманот на гостите Иван Куелјар го турна со рамо Луис Суарез, како еден од четирите инциденти при 3:1 победата на Каталонците.
Камерите ја „фатија“ целата приказна – можен пенал, контроверзен гол, и секако туркање. Првиот дуел беше само по неколку минути, кога Уругваецот се обиде да ја фати топката и заврши во голманот.
Во 40. минута, ВАР системот разгледуваше можен пенал од Куелјар, но тој не беше доделен и голманот на Леганес го удри напаѓачот по грбот, по што судијата мораше да го убедува Уругваецот: „Не се грижи, јас сум судија“.
What a disgrace VAR is in this country and League pic.twitter.com/RsLiA3cyba
— Florentino Pérez (@RealFloPerez) January 20, 2019
Најконтроверзниот момент дојде по 25 минути игра во второто полувреме, кога Суарез го фаулираше Куелјар додека го постигна вториот гол, но ВАР системот не беше консултиран. Куелјар се обиде да се одмазди со удар со рамо, нешто што судијата не го виде.
Но, ова не е прв ваков дуел на двајцата фудбалери. Куелјар очигледно убаво се сеќава на 24 април 2016 година, кога се случи речиси слична ситуација кога Барса играше со Спортинг Хихон во Ла лига. Откако Суарез го удри Куелјар, Лео Меси ја погоди празната мрежа за прв гол во 6:0 триумфот.
„Магичниот“ Меси и Барса не го даваат врвот, Леганес „суреден“ во финишот (видео)