Рускиот репрезентативец Александар Головин го продолжил договорот со Монако до 30 јуни 2024 година. Претходниот договор на Головин му истекувал во 2021 година. Со новиот договор Русинот добил и поголема плата.
Александар Гоовин е еден од најталентираните руски фудбалери, во Монако тој пристигна во 2018 година од ЦСКА за сума од 27 милиони евра. Одличните партии што ги пружи на Светското првенство му го овозможија трансферот во Франција, иако тогаш се шпекулираше дека интерес за него покажува и Јувентус.
Головин сезонава постигнал четири гола и забележал три асистенции.