Челси се блиску до потпис со првото засилување ова лето, откако порталот „Гол“ тврди дека руската ѕвезда Александер Головин е заинтересиран за преселба во Лондон.
22-годишниот играч од средниот ред на ЦСКА Москва беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но тие се подготвени да дадат 20 милиони евра, додека Челси има понуда која повеќе им се допаѓа на ЦСКА – 30 милиони евра.
Челси уште немаат јасна ситуација околу тоа кој ќе биде менаџер на „сините“ следната сезона, но сите вести од Англија и Италија велат дека тоа ќе биде Маурицио Сари, за кого ова ќе биде прво засилување оваа сезона.
Фото: ЕПА