Top Sport

Головите на Бензема и Вини психички го „уништија“ Пеп

Вчера многу фудбалски фанови беа воодушевени од фудбалската престава на првиот меч од полуфиналето од ЛШ помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, кој да потсетиме заврши 4:3, а шоуто покрај фудбалерите го „украде“ и Пеп Гвардиола со неговите реакции покрај аут-линијата.

Гвардиола постојано беше на нозе, а посебно впечатливи беа неговите реакции на голот на Винисиус Жуниор за 2:1 и за паненка-пеналот на Карим Бензема за конечните 4:3.

Винисиус фантастично успеа да го помине збунетиот Фернандињо во еден од најдобрите потези на мечот, но, ниту пеналот на Бензема не беше за потценување. На Пеп, очигледно, не му беше забавно.

Scroll to Top