Селекторот на фудбалската репрезентација на Панама, Ерна Дарио Гомес, во пресрет на историскиот натпревар на оваа земја на СП во Русија, на новинарите им дал интересно ветување.
„Ќе испијам две шишиња водка доколку се пласираме во осмина-финалето“, ветил Гомес, одговарајќи на прашањето на што ќе направи доколку Панама ја мине групата со Белгија, Тунис и Англија.
Панама е дебитант на мундијалите, а историскиот прв натпревар ќе го одигра денес од 17 часот против фаворитот Белгија.
„Се е можно на тој натпревар, ако имаме свој ден можеме да направиме добар резултат. Белгија е одличен тим со добар селектор, но и ние имаме свои планови“, рекол Гомес.
Панама и Белгија ја отвораат програмата во Г-групата, а од 20 часот својот дуел ќе го одиграат Тунис и Англија.