Ден по победата над Пелистер (1:0) фудбалскиот клуб Вардар остана без тренер. На социјалните мрежи клубот извести дека поради приватни причини, тренерот Горазд Михаилов се разделил со црвено-црните.
Михајлов една полусезона го предводеше Вардар. Тој успеа да ја оствари главната цел, со црвено-црните избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.
Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.
Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.
Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, соопшти Вардар.