Еден од најдобрите млади фудбалери на Евертон, Ентони Гордон, не се појавил на тренинзи со својот клуб, во обид да издејствува трансфер во Њукасл, тврдат британските медиуми.
21-годишниот англиски младински репрезентативец не се појавил на тренинзите во среда и во четврток, но Евертон инсистираат дека немаат намера да го пуштат доколку Њукасл не ја плати сумата од 60 милиони фунти. Минатото лето, Евертон одбија две понуди од Челси, од 40 и 45 милиони фунти, но оваа сезона, на Гордон, како и на целиот тим не му оди најдобро со само 3 гола во 18 настапи.
Тој беше остро критикуван од навивачите на Евертон по 2:1 поразот од Саутемптон овој месец, кога тие го обвинија дека им се смее в лице. Евертон е без тренер по отпуштањето на Френк Лампард во понеделникот, иако Марсело Биелса веќе е во Англија на преговори да го преземе клубот. Гордон е во Евертон од својата 11-та година.