Леон Горецка се повредил, во саботата, на натпреварот против Борусија од Менхенгладбах. Повредата, може да го оддалечи Горецка од Европското првенство.
Баерн против Борусија ја прославија новата шампионска титула со убедливата победа од 6:0.
Горецка го повредил бутниот мускул, а според медиумите голема е веројатноста тој да го пропушти ЕУРО 2020.
„И доколку се рехабилитира, ќе има проблем, бидејќи ќе ги пропушти подготовките“, пишуваат медиумите во Германија.
Германија на ЕУРО 2020 се наоѓа во група, во која се и Франција, Португалија и Унгарија.