Top Sport

Горецка е успешно опериран

Фудбалерите на Баерн во саботата го совладаа Мајнц со 3:1 на гостински терен. Баварците скапо ја платија победата, бидејќи останаа без леон Горецка.

Германскиот репрезентативец во 75. минута се пожали на повреда, местото на теренот му го отстапи на Мусиала, а подоцна беше утврдено дека се работи за скршеница на раката.

Баерн, во понеделникот објави дека Горецка е успешно опериран. Сепак во објавата не стои колкава пауза го очекува играчот од редот за врска.

Леон Горецка го постигна третиот гол за Баерн во Мајнц во 59. минута, додека во 16. минута му асистираше на Хари Кејн за вториот гол на германскиот шампион на овој меч.

Scroll to Top