Top Sport

Госенс: Роналдо ме понижи како никој во животот

Робин Госенс, се пожалил на односот, на Кристијано Роналдо, кога го прашал дали може да го добие неговиот дрес.

„По завршувањето на натпреварот со Јувентус, сакав да си ја исполнам желбата, да и го добијам дресот на Роналдо. Го прашав: ‘Кристијано може ли да го добијам твојот дрес? Не ме ни погледна и рече, не“, открил играчот на Аталанта во својата автобиографија.

„Ми беше срам. Се оддалечив од него. Се „смалив“. Го знаете она чувство, кога ќе ви се случи нешто лошо, а вие се вртите околу себе да видите дали некој го забележал тоа“, открил 26-годишниот бек на Аталанта.

Scroll to Top